декември 1, 2020

Струга

Мерко по два месеца лекување од коронавирусот: „Луѓе, почитувајте ги мерките“

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко пред неколку дена ја напушти Инфективната клиника во Скопје каде речиси два месеца беше лекуван од болеста предизвикана од коронавирусот. Тој по пристигнувањето во својот дом објави писмо за јавноста преку кое им се заблагодарува на лекарите, медицинските сестри и на целиот персонал во болницата, како и на граѓаните кои преку пораки или со молитви го охрабрувале да ја добие битката со болеста. „Луѓе, почитувајте ги мерките, ова е опасна болест“, вели Мерко.