Лага во две слики

Министерството за финансии во Орвеловата ’84 би било Министерство за лаги, а министерот Бесими, министер за лаги!

Слика 1: Официјални податоци на МФ за состојбата на јавниот долг. Првиот графикон ни го покажува долгот во номинална вредност и истиот заклучно со третиот квартал од 2022 изнесува 7 милијарди и 644 милиони евра. Вториот графикон ни ја покажува состојбата со јавниот долг изразена како процент од БДП и истиот согласно математиката на МФ изнесува 58,6 од БДП.



Слика 2: Согласно податоците на Државниот завод за статистика од завчера, бруто домашниот производ на Македонија во 2021 година изнесувал 720 милијарди и 414 милиони денари, или 11 милијарди и 714 милиони евра. Ако употребиме просто тројно правило ќе го фатиме министерството во лага:
(7644/11714)*100 = 0.6525 * 100 = 65.25%
Вистината е тешка, пропагандата е евтина!
Автор: Стефчо Негриески