мај 19, 2022

Русија ќе забележи рекорден суфицит оваа година, си пука ли Европа сама во нога со санкциите?

Зголемените цени на нафтата и падот на увозот се главните фактори, велат експертите.

Суфицитот на платниот биланс на Русија би можел да достигне историски максимум оваа година, во износ од 200-300 милијарди долари, објави во понеделникот деловниот медиум РБЦ. Економистите анкетирани од РБЦ предвидоа рекорден прилив на капитал во земјата, и покрај заострените западни санкции. Тие укажаа на главните фактори зад приливот, како што е зголемувањето на вредноста на рускиот извоз на енергија и намалувањето на увозот на стоки во Русија до 50%. „Клучниот двигател на суфицитот на рускиот платен биланс [извозот на јаглеводороди] сè уште изгледа самоуверено“, рече Институтот за меѓународни финансии (IIF) во својот преглед.

Според анализата на Блумберг, Русија ќе добие околу 321 милијарда долари приход од извозот на енергија во 2022 година, што означува пораст за повеќе од една третина во споредба со минатата година. Тоа се случува и покрај огромните попусти што ги обезбедува земјата за купување на нејзините енергенти. Руското Министерство за финансии минатата недела соопшти дека, во просек, руската нафта од Урал чинела над 89 долари за барел во март, што е раст од 40 отсто на годишно ниво. ИИФ рече дека бројот на танкери за нафта вкотвени во руските пристаништа кои чекаат отпловување е само малку помал отколку во истиот период во претходните години. Податоците на TankerTrackers, компанија која го следи движењето на нафтените танкери низ светот, покажаа дека Русија сè уште извезува околу три милиони барели дневно нафта по морски пат, а тие испораки се прилично транспарентни.

Сподели