мај 18, 2022

Обвинителка, министер за правда и судија, најдобри другарчиња

Обвинителка, министер за правда и судија, најдобри другарчиња. Афера е кој ја платил дружбата, а не е афера самата дружба?! Македонијо, тешки опинци те газат!

Второ, срамота е шо МТВ не може или не сака да плати права за преносите на македонската фудбалска репрезентација. Но, уште поголема срамота е шо МТ не дозволува бесплатно емитување на МТВ, уште повеќе што државата е се уште сопственик на 35% од акциите во Телеком, а со истото ќе внесе малце повеќе среќа во македонските семејства кои не можат да си дозволат магента и спорт клуб. Само за потсетување, нето профитот на МТ за 2020 година изнесуваше 26 милиони евра. Сите оние кои денес не можат да си ја гледаат репрезентацијата на националната телевизија, на времето го изградија овој телекомуникациски гигант плаќајќи 1200 марки за телефонски приклучок.
Македонијо, тешки опинци те газат, во секоја прилика!

Фејсбук статус на Стефчо Негриески

Сподели