мај 19, 2022

ВМРО ДПМНЕ: Основните продукти за две години поскапеа за 70%, а пензионерите добија покачување од само 5.5%.

Основните продукти поскапеа за 70%, а Ковачевски се фали со враќање на дел од одземените пари на пензионерите од само 5.5%.

Во изминативе година ипол основните продукти поскапеа драстично. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, дизелот за 63%, бензинот за 69%. И додека цените на овие продукти вртоглаво растеа, пензиите не се зголемија ниту еднаш. За сега Ковачевски да се фали со 5.5% покачување на пензиите, кое допрва треба да го реализира.

Ковачевски не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година.

СДСМ во изминативе 3 ипол години им украде пари на пензионерите, кои нема да ги врати.

Овие 5.5% најавено покачување одамна се изедени од покачувањето на цените на основните продукти.

Доколку СДСМ беше искрена со пензионерите ќе го прифатеше предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%.

СДСМ се неискрени и земаат од пензионерите, а сега, откако претходно 3 ипол години ги ограбија пензионерите сакаат да ги манипулираат со незначително покачување.

Сподели