мај 19, 2022

МЕДИУМСКА ВОЈНА: Експлозија на лажни вести и снимки од Украина!

Огромна количина на снимки, фотографии и настани кои немаат никаква врска со реалноста ги преплавија социјалните мрежи ширум светот. Руската инвазија на Украина, освен вистинската, крвава војна, во која војниците и цивилите умираат подеднакво, се води паралелно со две други војни – едната е сајбер, а другата е медиумската, каде борбите се префрлија од телевизиските екрани на социјалните мрежи.

Духот на Киев

Токму војната на социјалните мрежи експлодираше во Украина, каде што бројните снимки, фотографии и настани кои немаат никаква врска со реалноста станаа реалност. На ова треба да се додадат измислени приказни и пораки од украински јавни личности кои почнале да се сликаат со автоматско оружје во рацете, со порака дека ги чекаат руските војници кога ќе им провалат во вилите. Во медиумите најмногу одекна приказната за „духот на Киев“, кој се појави на небото над главниот град на првиот ден од инвазијата и успеа да собори дури шест руски авиони за само еден ден! Така, на социјалните мрежи се шири приказната за митскиот пилот кој храбро се спротивставува на куп руски авиони со ловецот „Миг-29“ и ги урива сите.

Анастасија Лена – Мисицата ја зеде пушката

Украинската мисица Анастасија Лена реши да ја замени лентата со автоматска пушка и да им помогне на своите сонародници во судирите со руските сили. „Њу Јорк Пост“ пишува дека Лена, која во 2015 година учествувала на изборот за убавина „Мис Гранд Интернационал“ во Украина, одговорила на поканата на официјален Киев за регрутирање, наведувајќи дека со своето тело ќе ја брани својата татковина. Секој што ќе ја помине границата на Украина со намера да изврши инвазија ќе биде убиен, рече таа под фотографијата на која позира со пушка и во воена униформа.

Лажна жртва

Дури шест весници од Запад објавија насловни страници со слика на повредена и расплакана жена, руска жртва на војната во Украина! Се испостави дека се работи за жена од областа Чернобил на која во станот и експлодирала плинска боца во 2012 година!

Бомбардери

Една од првите вести за руската инвазија беше летот на руски стратешки бомбардери Ту-22 над Киев. Се испостави дека оваа вест е лажна и дека видеото датира од 2020 година, кога се одржа воена парада, која беше одложена поради пандемијата и дека овие бомбардери не учествувале ниту на првиот ден од инвазијата на Украина.

Падобрански десант

Една од најпопуларните објави на Твитер беше видеото од масовниот падобрански десант. И тоа беше на првиот ден од инвазијата, кога руските падобранци слетаа во близина на Одеса, а потоа и во Харков. Се испостави дека снимката е направена уште во 2016 година, според некои во 2018 година, за време на руска воена вежба.

Ракета во зградата

Ракета погоди солитер во Киев, која разнесе неколку станови. Ова се уште е предмет на спор меѓу Русите и Украинците. Веднаш по експлозијата, Твитер беше преплавен со наводни снимки од камерите од становите кога се случи експлозијата, но се покажа дека тоа е Бејрут од 2020 година, кога експлодираше пристанишниот склад.

Две верзии, без потврда

Русите го уништиле „Ан-225“? На социјалните мрежи се прошири веста дека руските сили го уништиле најголемиот авион на светот „Ан-225“ за време на битката за аеродромот „Хостомељ“, кој го користела компанијата „Антонов“. Инаку, пред два дена имаше информација дека кога Русите го окупирале тој аеродром, авионот „Ан-225“ останал недопрен и неоштетен, потоа дека авионот бил префрлен во Русија, што е лажна вест, а потоа и дека авионот бил под напад.

Уништени руски беспилотни летала

Засега ниту една од верзиите не е официјално потврдена.

Инаку, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека руските државни медиуми Раша тудеј и Спутник ќе бидат забранети во Европската унија, за да се спречи, како што рече, ширење „лаги“ за руската инвазија на Украина.

Сподели