мај 18, 2022

Истокот одамна не отпиша, а Запад не нé запишуе?!

Германија, локомотивата на ЕУ, има трговска размена со Кина од неверојатни 212 милијарди евра и Кина е најголемииот трговски партнер на Германија последниве 4 години.
ЕУ 27, има трговска размена со Русија од фрапантни 174 милијарди евра, но уште побитно земјите од ЕУ се енергетски зависни од Русија. Исто така, интересен е податокот дека земјите од ЕУ, во 2019, инвестирале во Русија шокантни 311 милијарди евра, а обратно Русија во ЕУ 174 милијарди евра. Замислете ЕУ во една година да инвестира 300 милијарди евра во регионов?
А нас, Истокот одамна не отпиша, а Запад не нé запишуе?! Дури кај нас ако се спомне Кина или Русија, стануваш “антихрист”. Невидено лицемерие!

С.Н.

Сподели