мај 19, 2022

Како би изгледал судир помеѓу Русија и Украина

Во случај на војна, Русија ќе води бесконтактна војна од висок интензитет и во рок од неколку дена ќе ја уништи украинската армија. Околу Украина Русија има распоредено 9 армии и 1 армиски корпус во чиј состав се повеќе од 150 000 војници, 1 200 тенкови, 2 900 оклопни борбени возила, 1 600 артилериски системи, 28 оперативно тактичко ракетни комплекси, 330 борбени авиони, 240 борбени хеликоптери, 81 борбени бродови и 6 дизел подморници

Сподели
 
 
 
   

Во текст со наслов „Војната е продолжување на политиката, но со други средства“, Дарко Тодоровски, одличен познавач на руската војска и воена технологија, дава свој поглед како би се одвивал руски напад врз Украина.

Неговиот текст го пренесуваме во целост:

Искрено се надевам дека САД и Русија преку дипломатски канали и преговори ќе изнајдат начин за создавање на „Нова стратешка безбедност во Европа“ во која што и двете страни ќе бидат задоволни. Исто се надевам дека САД ќе ја убедат Украина да го спроведе „Минскиот договор“, што ќе доведе до нормализирање на ситуацијата околу Украина.

Од воен аспект, во случај на војна помеѓу Русија и Украина, Украина нема никакви теоретски шанси. САД и НАТО нема да војуваат за Украина, ниту пак на Украина ќе и помогне оружјето кое што САД, Велика Британија, Естонија, Латвија и Летонија и го предадоа.

Во случај на војна, Русија ќе води бесконтактна војна од висок интензитет и во рок од неколку дена ќе ја уништи украинската армија. Околу Украина Русија има распоредено 9 армии и 1 армиски корпус во чиј состав се повеќе од 150.000 војници, 1.200 тенкови, 2.900 оклопни борбени возила, 1.600 артилериски системи, 28 оперативно тактичко ракетни комплекси, 330 борбени авиони, 240 борбени хеликоптери, 81 борбени бродови и 6 дизел подморници.

  • Моќни сајбер напади цело време кои што ќе ги парализираат и стават вон функција сите украински институции (претежно воените, енергетските, финансиските и банкарските), системи и сервери.
  • Во првите 30 минути руската армија преку руската стратешка авијација (Ту-160, Ту-95МСМ, Ту-22М3 вооружени со крстаречките ракети Х-55 и Х-101), копнените оперативно тактички ракетни системи (Искандер М/К, Точка-У), воената флота (Калибр- НК) ќе истрела повеќе од 400 крстосувачки ракети со кои што ќе го уништи и неутрализира „нервниот систем“ на украинската армија. Ќе бидат уништени командните центри, радарските системи, ПВО системите од долг дострел како и командните центри, воените аеродроми и хангарите со авиони, дронови и хеликоптери, складовите со муниција и оружје, складовите со гориво и моторни масла за армијата, поморските бази. Ќе биде уништен и синџирот за снабдување на украинската армија. После тоа украинската армија ќе биде дезорганизирана и без единствена команда, без синџир и логистика за снабдување и без желба за отпор.
  • Диверзанти и специјални единици во позадината на украинската армија ќе извршат редица диверзантски акции на важните воени, инфраструктурни и државни објекти.
  • Руските системи и комплекси за радио-електронско војување ќе ги „ослепат“ и стават вон функција украинските системи.
  • Руските падобрански единици ќе извршат десант и ќе ги завземат клучните украински аеродроми.
  • Ловечката авијација од составот на воено-воздушните сили на Русија, поточно (Су-35С, Су-30СМ, МиГ-31БМ наведувани од летачките радари А-50У) ќе воспостават контрола над воздушниот простор на Украина и ќе ги уништат сите украински борбени авиони кои што ќе се обидат да дадат отпор.
  • Тактичката авијација на воено воздушните сили на Русија (Су-34 и Су-24М2) ќе пристапат кон систематско уништување на воените единици и местата каде што тие се концентрираат и групираат, објектите на украинската армија во длабочина на Украина. Потоа ќе следи слободен лов од небо на преостанатите украински единици и техника.
  • Тенковските клинови и механизираните единици на руската армија, поддржани со артилеријата и јуришната авијација и хеликоптери, ќе излезат на оперативниот простор на рамнините на Украина и за кратко време ќе ги уништат и неутрализираат украинските единици кои што даваат некаков отпор. Руските тенковски и механизирани единици без проблеми ќе излезат на Дњепр за кратко време.
  • Истокот на Украина е про-руски, најголем дел од населението ќе ги дочека руските единици како ослободители.
  • Украина ќе биде воено поразена и уништена. Ќе се склучи мировен договор.
  • Најголеми губитници од војната покрај самата Украина ќе бидат и Русија и ЕУ.
  • Најголеми добитници од војната ќе бидат САД и Велика Британија, кои што смислено ја туркаат Украина кон војна со Русија.

Сподели