мај 19, 2022

Левица го тужи Ким Мехмети за подбивање со македонскиот народ (видео)

Партијата Левица на Димитар Апасиев поднесе кривична пријава против писателот и публицист Ким Мехмети поради статус на Фејсбук.

Во поканата од Јавното обвинителство испратена до Мехмети, се вели:

„Се повикува Ким Мехмети на 13.01.2022 година во 10 часот да се јави во просторите на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се повикува во својство на осомничен за Кривично дело излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците по член 179, а по кривична пријава поднесена од партијата Левица за текст објавен на Фејсбук профил на 29.07.2021 година“.

Во споменатиот статус на кој се однесува тужбата, Мехмети објави:

„И додека се знае дека без Белград, Славомакедонците се чувствуваат како дете без мајка која ја родила и одгледала, се поставува логичното прашање: што е тоа што ја прави Албанија поблиска до Србија отколку до Косово?! Како што знаете, братството меѓу сликарот (Еди Рама) и српскиот претседател веројатно е поврзано со заедничкиот проблем поради кој и двајцата не ја сакаат и се плашат од ЕУ: неволјите што ги имаат со законот и желбата нивните држави да останат „крави“ со кои се хранат сите луѓе, но што ги молзат само тие двајца!“, напиша Мехмети.

На тужбата од Левица , Мехмети сега вели:

„Откако оваа држава успеа во битката против криминалот и кражбите, започна битката против нас кои го „навредуваме“ македонскиот народ, кој е заштитен од партијата познатата ЛЕВИЦА! Не знам зошто се чувствувам горд што ме тужи и ме обвинуваа ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанци и ме тера да повраќам секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а не па да се позанимавам со неа“, се вели меѓу другото во реакцијата на Ким Мехмети.

Погледнете исечок од интервјуто на Мехмети за БГНЕС.

Сподели