август 11, 2022

ВОЗОТ ДО БИТОЛА КОНЕЧНО СТИГНАЛ, АМА ДО ПРИЛЕП Патниците 200 километри се возеле дури 8 часа, а потоа уште 1 час со комбе до Битола

Возот не успеал ни да стигне таму каде што тргнал. Допатувал само до Прилеп. Оттаму, по наредба на Службата за транспорт, патниците биле префрлени во комбе и испратени за Битола.

Возот кој од Скопје до Битола требаше да биде утрински стана вечерен откако патниците наместо три часа патуваа три пати повеќе. Тие раскажуваат дека на возот му требале цели осум саати за да извози околу 200 километри, а потоа продолжиле да патуваат со комбе.

– Со теретниот да тргневме, побрзо ќе стигневме. Но, не ни беше до шега, на сред зима да чекаме со часови за да поминeме околу двесте километри. Прво чекавме да отстранат товарен воз поради технички причини останат на отворена пруга кај Зелениково. Таман тргнавме, во големиот тунел кај Богомила имало пукната шина која мораше да се санира и тука чекавме со саати – раскажуваат патници.

Возот не успеал ни да стигне таму каде што тргнал. Допатувал само до Прилеп. Оттаму, по наредба на Службата за транспорт, патниците биле префрлени во комбе и испратени за Битола.

– Како да бевме дел од книгата „Возот в снег“. Таму патниците со раце чистеа снег, е сега недостигаше ние да ги поправаме шините. Кај нас и кинеските возови возат по македонско време, односно доцнат. Од Скопје тргнавме во 7 часот, а Битола, требаше да сме во 10.20. Но, во Прилеп стигнавме во 15 часот, а потоа уште еден саат до Битола – девет саати вкупно – се жалат патници.

Сподели