мај 19, 2022

PAX AMERICANA vs PAX EUROPAEA, или Македонија – Европа via Брисел?

“Ништо не може да го спречи човекот со правилен ментален став да ја постигне својата цел. И ништо на овој свет не може да му помогне на човек со погрешен став!“ – познатата порака на американскиот претседател Томас Џеферсон.

Во посета на Македонија е заменикот помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој порача: “САД силно ја поддржуваат брзата интеграција на Македонија во Европската Унија. Работиме со сите европски партнери да обезбедиме тоа наскоро да се случи“. Ескобар потенцираше дека Македонија културолошки, историски и се’ повеќе и економски е дел од Европа и мора да има заслужено место на масата на членките на Европската Унија: “Ги истражуваме можности за натамошното важно место на Македонија во рамките на меѓународните односи во САД и во регионот. Се надеваме дека ќе најдеме начини да ги продлабочиме нашите одлични односи“, рече Ескобар,

Да потсетиме дека САД, уште од првиот ден на осамостojувањето, јасно упатиja порака до сите во светот, а и во земјата, дека цvрсто ја гарантираat самостојноста и стабилноста на Македонија како независна држава.

Од друга страна, Македонија и во времето на поранешниот американски претседател Вилсон доби јасна и цврста поддршка како народ. Вилсон беше за автономна Македонија!

Македонија денес е независна, демократска, суверена и самостојна држава, но за жал, поради лошото менаџирање и клиентелизам на политиканти кои не донесоа јасно и гласно Декларација за основните национални вредности: името, јазикот, идентитетот како и археолошката граѓа која му припаѓа само на народот и државата на Македонија. Оттука, наместо иднина, добивме небиднина. Народот наместо домаќин стана кираџија во сопствената куќа Македонија. Дефинитивно станавме протекторат, за чија судбина или иднина решават и одлучуват други, а исто така се наметнуваат парадоксални договори или спогодби за нејзината евроатланска интеграција.

За волја на вистината, Македоинија не смее и не може сама. Да, за членство во меѓународни организации и сојузи, но достоинствено како и сите, со име и презиме!

На сцена е шекспировата дилема “Да се биде или не“, поради односите со Бугарија, која ги прекршува основите на Европската Унија, Шуман и Моне. Во нивната идеја немаше национализам-шовинизам или нацизам! Економската заедница создадена од Шуман и Моне беше резултат на победата над фашизмот, за соработка меѓу народите на Европа! А, што доби Македонија? Циркус! Држави, кои воопшто не ги исполнуваа ниту стандардите, ниту критериумите да станат полноправни членки на ЕУ, Бугарија и Романија, 2006 година станаа полноправни членки на НАТО и веднаш потоа на Европската Унија!

И веднаш прашањето: Зошто двоен стандард меѓу народите и државите? Прашањето за името и идентитетот се билатерално прашање наметнат од Софија, во време кога Бугарија е во економска и социјална криза, пред банкрот со десетици милијарди евра. Во иста состојба беше и Грција која го потпиша Преспанскиот договор и експресно доби 16 милијарди евра за рехабилитација! Заклучокот е неизбежен: Да, ова се двојни стандари! Македонија го заслужува своето членство во Европската Унија безусловно и веднаш, без приземните артикулации и агресија од Софија! 

Дали ЕУ и САД со својата булдожер дипломатија ќе ја принудат Софија да го крене ветото против почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија, ќе покаже времето? Најавите звучат оптимистички, но треба да се почека.

“Нашите стратешки интереси се комплементарни со интересите на САД. Нема сомнеж дека сега е моментот ЕУ да започне преговори со Македонија, тоа ќе биде потврда за напредокот којшто го постигна земјата, но и големо охрабрување за другите земји во регионот“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој ги пренесе впечатоците од средбата со Ескобар.

Американскиот претседател Џо Бајден веќе го вброја Балканот за интересна сфера и едно од шесте американски приоритети! Американско-Руските односи околу Украина, ќе треба да ги “отрезни, и олади“ главите на бугарските политичари поради безбедноста и креирањето на новата геополитичка мапа на светот!

Затоа и посетата на заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, со силна поддршка за брза интеграција на Македонија во Европската Унија! Останува да видиме дали “булдужер дипломатијата“ ќе ја потврди констатацијата: “Pax America vs Pax Europa, или Македонија – Европа via Брисел!

Земјите од регионот кубурат со растечка стапка на сиромаштија, депопулација условена од зголемената емиграција на Западот и колапсот на економските и социјалните права поради пандемијата со корона вирусот. 

На Балканот се уште се отворени прашањата за косовско-српските односи, македонско-бугарските односи и сегрегацијата на трите народи во Босна и Херцеговина.

Покрај многуте структурни проблеми во однос на инкорпорирањето на acquis communautaire во националните законодавства и имплементацијата на европските стандарди во работата на јавните институции, поместување на фокусот на политичката дебата во Унијата по суштинските прашања за реформирање на наднационалната институционална рамка наспроти владите на земјите од регионот, кои се подложни на клиентелистичка позиција во меѓународните односи. Тоа е всушност традиционално обележје на историјата на регионот како сцена на постојани етнички тензии меѓу вкрстени “слаби“ и ”пропаднати“ држави стратешки надворешно-политички проекции на големите и регионалните сили.

Додека на почетокот на 21 век, Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја задржат контролата врз овој дел од Европа, Русија, Кина и Турција се појавуваат како нови/стари ривали и се обидуваат да искористат голем број нерешени соседски прашања со вешто мешање воено-политички, економски и културно во земјите од Западен Балкан. Им нудат стратешка надворешно-политичка алтернатива во услови на продолжена економска криза и моментално неизвесни перспективи за европската интеграција.

Отворени се прашањата за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан во услови на недоследно спроведување на преодните реформи во регионот и внатрешно-политичките системи. Клиентелизмот и “омразата кон малите разлики“ како “судбина“ на балканските народи го забавуваат пристапувањето во Европската унија? Надворешно-политичкото дејствување на големите и регионалните сили на Западен Балкан, се “одраз во огледалото“ на новата динамика на односите на глобалните сили? Како големите и регионалните сили ги користат алатките на надворешната политика, да го истиснат влијанието на Европската унија од Западен Балкан? Колку ефикасно Европската Унија ги користи своите надворешно-политички инструменти за да го задржи своето влијание во регионот? Важноста се одразува во можноста за затворање на перспективата за заедничко градење на траен мир во овој постојано разнишан регион.

Во овој регион опфатен со децениски глобални рецесии, воспоставувањето стратешко влијание како инструмент на партикуларистичката надворешна политика што ја занемарува долгорочната визија за заедничка иднина на Западен Балкан, може да доведе до атрактивни, но површни и актуелни ветувања.

Автор: м-р Слободан ТОМИЌ- новинар

Сподели