ноември 29, 2021

Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов.

Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата.

– Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се, рече Рашков.

Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.

Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

Сподели
 
 
 
   more