јануари 19, 2022

Поради здравствени причини Бајден ја префрла должноста на Камала Харис

Американскиот претседател Џо Бајден ќе мора привремено да ја префрли должноста на потпретседателката Камала Харис. Оваа одлука е донесена затоа што Бајден мора да биде подложен на преглед под целосна анестезија.

Според американските медиуми, на американскиот претседател ќе му биде извршена колоноскопија.

Претходно денеска Белата куќа објави дека Бајден ќе мора да се пријави во Медицинскиот центар Волтер Рид за да изврши рутински прегледи.

Бајден денеска ќе биде прегледан под анестезија, а Камала Харис привремено ќе „добие власт“ и со тоа ќе стане првата жена што ќе ја добие претседателската функција.

Сподели