ноември 29, 2021

Шок од Брисел: ЕУ сака да го укине безвизниот режим кон Западен Балкан

Откако „Ројтер“ објави дека Европската Унија (ЕУ) повеќе не гарантира европска иднина за Балканот, следува уште еден шок од Брисел, откако протече уште еден документ според кој што слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан, Молдавија, Грузија и Украина повторно се доведува во прашање.

ЕУОбсервер утрово го објави ексклузивниот интерен документ на земјите членки во ЕУ – Германија, Франција и Италија се гневни за „злоупотребата” на визниот режим од страна на граѓани на земјите од Западен Балкан, како и на трите земји од Источното партнерство, кои бараат исто така формално членство во ЕУ.

Веста одекнува во време кога претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, го посетува регионот.

Во контекст на ова, пред неколку дена Франција најави заострување на визниот режим за земјите од Магреб. Франција вели дека има посебно проблем со барања за азил од Албанија, Србија и Грузија, додека Германија се жали на барања од Албанија и другите три земји од Источното партнерство.

Македонците пак и претставуваат проблем на Белгија, каде ова лето невообичаено се зголемиле барањата. „Нерегуларните” барања за азил од Грузијасе зголемени за повеќе од 50 отсто. За да се активира механизмот за суспензија на слободниот визен режим потребно е зголемување од 50 отсто.

Сподели
 
 
 
   more