октомври 21, 2021

ВИДЕО: Двајца мртви во напад со самострел во Холандија, полицијата пукала на напаѓачот

Во холанскиот град Алмело денеска е изведен вооружен напад, во кој две лица загинаа, а едно е повредено. Осомничениот е уапсен, откако претходно бил ранет, јавија локалните медиуми.

Објави е снимка на која се гледа полугол маж со самострел на балконот, додека во заднина се слуша истрел од огнено оружје. Мажот наводно од балконот со самострелот пукал во минувачи.

Полицијата испукала неколку куршуми обидувајќи се да го уапси осомничениот. Очевидци велат дека слушнале повеќе истрели.

Полицијата на Твитер прво објави дека ситуацијата е под контрола, но потоа објави дека се работи за ситуација означена со кратенката ГРИП 3, што значи дека тековната ситуација е опасна за граѓаните.

Share

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •