октомври 22, 2021

Ќе се бара и трето судење за масакрот кај Смилковско? За Курти „Монструм“ и други предмети не биле разјаснети до крај

Министрите за правда на Владите на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат и за ова прашање, изјави косовскиот премиер Албин Курти, одговарајќи на новинарско прашање кога и дали Косово ќе ги испорача Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Курти, на заедничката прес-конфернеција со премиерот Зоран Заев, рече дека неговата Влада од минатото наследила „трагични случаи и тешки предмети, кои имале засебни и тешки процеси“.

Но, има и други предмети, кои што според мое убедување не се разјаснети до крај и за кои се уште ја немаме целосната вистина. Заедно со премиерот Заев разговаравме дека имаме потреба, не само за поддршка, туку и за меѓународна помош, како би имало правда за двете земји, но и за жртвите, како правдата би дошла до крај и се најде вистината, изјави Курти.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •