септември 17, 2021

И парното ќе поскапи

Следната недела ќе се знае за колку ќе се зголеми цената на парното греење, откако до Регулаторната комисија за енергетика барање за поскапување побарале сите компании – БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север.

ЕСМ енергетика бара зголемување на крајната цена за 64,79 проценти, Скопје север за 15,54 отсто, додека БЕГ за 1,82 проценти. 

Подготвителната седница за Регулаторна за одлуката е во понеделник, а одлуката за конечната цена ќе биде донесена во четврток.

Цената на гасот на светските берзи бележи раст од 50 отсто, а учествува со 70 отсто од одлуката на крајната цена на парното.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •