ноември 27, 2021

Средба Заев-Ахмети: Заедно ќе настапиме на локалните избори

Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори, соопшти премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по средбата со коалицискиот партнер од албанскиот блок, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

-Заедничка ни е целта во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати – тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори, соопшти Заев.

Сподели
 
 
 
   more