ноември 27, 2021

Брнз го брифирала Мицкоски за извршната наредба на претседателот на САД

ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека  на средбата на која присуствувал и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз се сретнала со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да го брифира за извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Информацијата за средбата амбасадорката ја објави на Твитер.

Met with VMRO-DPMNE President @MickoskiHM today to brief him on the new Executive Order for the Western Balkans.

— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) July 22, 2021

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со регионот на Западен Балкан. Наредбата опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Засега нема објавено имиња на политичари кои би се нашле на оваа црна листа.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека  на средбата на која присуствувал и секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски се разговарало за актуелните случувања и предизвици важни за државата.

Како акутен проблем од страна на Мицкоски беше посочен високиот степен на корупција и криминал присутна во највисоките структури на власта. Тој  говорел и за злоупотребата на европското знаменце како што е законот со кој се дозволува извоз на цвет од марихуана каде се штити директно бизнис интереси на врвот на власта.

Мицкоски за спорот со источниот сосед ја истакнал потребата за прифаќање на резолуцијата која е во собраниска процедура и која ги содржи црвените линии во насока на заштита на идентитетот, јазикот и историјата.

Тој зборувал и за потребата за реформи во повеќе области, како и проблемите поврзани со економијата, како што е невработеноста, растечката сиромаштија и рушење на стандардот.

Сподели
 
 
 
   more