август 4, 2021

Владата му стави европско знаменце на Законот за опојни дроги: Употребата на канабисот и сега била легална

Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци што го утврди Владата ќе се носи со европско знаменце. Денеска владиниот портпарол Душко Арсовски информираше дека ќе се формира специјален фонд од кој граѓаните треба да имаат бенефит во различни сфери, а ќе има и посебна Агенција за контрола на одгледувањето и екстракција на канабис. Извозот на сув цвет од канабис веќе е започнат, но со предложеното законско решение попрецизно се регулира извозот.

На прашањето дали со законот се предвидува декриминализација на лична употреба и на одгледување за лична употреба на канабисот вели дека и сега има можност за употрева на канабис за лична употреба.

„И сега во казнениот законик е дозволена и не е казнива употребата на канабис за лична употреба, меѓутоа она што е политика на Владата кога веќе се оди во таа насока е да се прави измена и да се допрецизира и тоа јасно да се направи во казнениот законик за да немаме ситуации какви што ги имавмевели Арсовски.

Според него, со предлог на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, притоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

Новина во Предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10 отсто од нето-добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Република Македонија кои средства ќе бидат наменети за поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •