август 5, 2021

Заев се сретна со одгледувачи на медицински канабис и им ги презентира можностите на Македонија за овој бизнис

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средби со директорот на најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“, Душан Ковачевиќ и гости од Соединетите Американски Држави, спортистите во американски фудбал Ленс Бригс, Турк Мекбрајд и Дони Колдвел, како производители на медицински канабис во САД

– Откако претходно ги анализирале можностите за инвестиции во некои други светски региони, гостите на средбата истакнаа дека предностите за инвестиции во индустријата за медицински канабис што ги нуди Република Македонија ја прават земја од посебен интерес за оваа дејност, соопштија од Владата.

Премиерот Заев ги презентирал можностите за отворање фабрики за медицински канабис во Република Македонија, а инвеститорите презентираа искуства со најнапредна технологија и знаење кои што веќе ги користат во своите погони за одгледување на оваа билка во САД.

На средбата со директорот на „Егзит“ и со американските бизнисмени, како што информираат од Владата, стана збор за предизвиците со кои се соочува музичката и ивент индустријата во текот на пандемијата, при што се разгледуваа и можностите за организација на “Егзит” фестивалски активности и во нашата земја.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •