август 5, 2021

Претседателот на Куба: Нашата вакцина е светло на крајот на тунелот

Кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел го оцени одобрувањето на земјата на домашната вакцина против КОВИД-19 како „светло на крајот на тунелот“ во долгата трка со вирусот, јави ДПА.

Итно одобрената вакцина „Абдала“ покажала ефикасност од 92,28 проценти во третата фаза на испитувањето, соопшти Државниот центар за контрола на лекови и медицинска опрема.

„Абдала“ е првата вакцина против коронавирус развиена и одобрена во Латинска Америка.

Куба има значително искуство во развој на вакцини, но досега резултатите од тестовите на „Абдала“ не подложеле на независна проверка. Вакцината се заснова на употреба на преработени протеини на патогенот. За целосна имунизација се користат три дози.

Куба работи и на други вакцини против КОВИД-19. Една од нив е „Соберана 02“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •