ноември 25, 2021

Џафери го прекрши уставот кога зборуваше албански, ама нема да барам одговорност: Заев се дистанцира

Не постапил уставно ама нема да се бара одговорност. Премиерот Зоран Заев не сакаше да „оди против“ претседателот на Собранието Талат Џафери кој во Европскиот парламент се обрати на албански јазик и денеска изјави дека од него нема да се бара одговорност.

„Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Европскиот парламент и точно е да се каже дека имаше три сесии, тој на две зборуваше на македонски јазик, а на третата на албански јазик“, вели Заев

Според премиерот, Џафери бил испровоциран од некои поединци од Бугарија, кои што секако укажале дека ќе направат „воедно чување на нашите јазици“.„Ние имаме слични, но различни јазици и меѓународно признати. Нема да побарам одговорност од него. Тој е еден од главните чувари на македонскиот устав“, додава Заев.
За разлика од Заев Џафери тврдеше дека усатвот е флекисбилен

„ Не го прекршив Уставот и во иднина, немам предрасуди и го користам во моментот она што ми е најделотворно што ќе ја претставува државата и на оние кои им пренесувам порака од државата“, рече тој во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Наведе дека во Европскиот параламент имаат право да го користат она што го знаат најдобро, а после друго е документите официјални на кои јазици ќе се објават.

Сподели
 
 
 
   more