ноември 27, 2021

Се преврте полициско возило – повредени тројца полицајци

Тројца полицајци се повредени откако полициско возило се превртело ноќеска во сообраќајка што се случила на крстосницата на улиците „Франклин Рузвелт“ и „Орце Николов“ во скопската населба Карпош, потврдуваат за Фокус од МВР.

Сообраќајката се случила во 3.37 часот, а повредените полицајци биле пренесени на Клиника.

-На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, велат од МВР за Фокус.

Според нашите неофицијални информации, полицајците се здобиле со полесни повреди, само еден е задржан на опсеврација на Клиника. Причините за сообраќајката меѓу полициското возило и такси возилото допрва ќе се утврдуваат.

Сподели
 
 
 
   more