септември 15, 2021

Момчето кое ја прегази Верица Белчовска и побегна, осудено на 15 месеци затвор

Возачот кој ја прегази Верица Белчовска e oсуден на 15 месеци затвор. 

Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци, поради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново. Сообраќајната несреќа се случи на 7 април годинава на булеварот „Ленинова“ во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан“ удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а истиот ден, сам се пријавил во полициска станица. Семејството на Белчовска ги донираше нејзините органи, со што спасија неколкју животи. За хуманоста семејството доби стан на користење од Владата, а мајката на Верица се вработи во канцеларијата на премиерот Зоран Заев во Струмица. Семејството поради работа од беровско заминало во Струмица. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •