септември 17, 2021

КУОМО ПОТПИША НАРЕДБА СО КОЈА СЕ ПРОГЛАСУВА СОСТОЈБА НА „ВОНРЕДНА КАТАСТРОФА“ ВО ДРЖАВАТА ЊУЈОРК ПОРАДИ БРАН ВООРУЖЕНО НАСИЛСТВО

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, потпиша наредба со која се прогласува состојба на „вонредна катастрофа“ за борба против насилството со оружје и државата Њујорк да биде побезбедна.

Новата стратегија ќе го третира насилството со огнено оружје како јавна здравствена криза.

– Отидовме од ковид во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од насилство од оружје отколку од Ковид, изјави Куомо на прес-конференција.

Ќе се применуваат краткорочни решенија со цел без одлагање да се реши сегашната криза и да се намали бројот на огнено оружје, но и долгорочни решенија што ќе се базираат на работа со локалните заедници и превенција.

Куомо најави и формирање Канцеларија за спречување вооружено насилство, како и поголема транспарентност во пристапот до полициските информации за локалните заедници полесно да утврдат кои урбани области и зони се во фокусот на насилството со огнено оружје.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •