август 3, 2021

Бучковски: Имам резерви кон Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалниот претставник Владо Бучковски во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека има резерви кон Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која планира да ја поднесе во Собранието а со која најголемата опозициска партија очекува да се заштитат македонските „црвени линии“.

„Мислам дека нашата мудра политика во изминатите неколку месеци, ненаседнувањето на провокациите, покажаа и докажаа дека Македонија ги стекна симпатиите на меѓународната заедница. Затоа ние според мене имавме еден константен однос во поглед на нивната Резолуција и тврдевме дека тие го загрозија Договорот за пријателство со таа нивна Резолуција. 

Резолуцијата во бугарскиот парламент не може да го загрози договорот, но тргнувајќи од тоа дека треба да се биде мудар, беше и последната посета на владината делегација предводена од премиерот Заев. Нам ни се брза и се обидуваме да изнајдеме решение и да покажеме дека постои сериозна намера од наша страна да ги надминеме овие проблеми.

Јас можам да ја поздравам намерата на ВМРО-ДПМНЕ, но остава кај мене сериозна резерва за искрените намери и за содржината,. ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна грешка бидејќи се задскрива зад документ на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Овој документ не е поминат низ телата на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.. Никој од нив не расправал за оваа Резолуција. Зад тој меморандум само стојат потписите на тројцата раководни лица“, рече меѓудругото Бучковски.

Ова е прво појавување на поранешниот премиер во јавност откако следуваше уште една блокада од Бугарија на патот на евроинтеграциите на Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •