јули 22, 2021

Заев прв ќе аплицира за пасош со новото име

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 рече дека од понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република C****** Македонија“.и дека тој ќе биде првиот што ќе аплицира.

– Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, наведе Заев.

Инаку по правило од 1 јули требаше пасошите што ќе се издаваат да бидат со новото уставно име Република С****** Македонија, согласно Преспанскиот договор. Ова претходно го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седница за пратенички прашања во Собранието.

Што се однесува за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти граѓаните ќе бидат известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура.

Во меѓувреме имаше и надградбата на системот за лични документи која се правеше пред неколку недели, која се правеше поради имплементирање на новото име.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •