август 4, 2021

Брнабиќ: Се плашам дека бугарското вето ќе ја отвори „Пандорината кутија“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го коментираше бугарското вето за Република Македонија во процесот на евроинтеграција.

Таа додаде дека стравува дека со ова вето ќе се отвори „Пандорината кутија“ во регионот.

„Ако станува збор за билатерално прашање, тогаш треба да се реши и не треба да стане проблем за Европската унија. Мислам дека тоа е лош преседан кој е поставен и се плашам дека ќе ја отвори „Пандорината кутија“.

Бернабиќ денеска говореше пред медиумите во пресрет на Преспанскиот форум.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •