септември 15, 2021

Бетонирани дрвјата на Кеј 13 Ноември

Во групите за заштита на зеленилото на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од забетонирани дрвја на кејот 13 Ноември во центарот на Скопје.

Реконструкцијата на кејот започна пред четири месеци со проект вреден 88,6 милиони денари со вклучен ддв.

Се работи од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Уредувањето е на површината од околу 12.500 квадратни метри.

Активистите го повикуваат градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот кон дрвјата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •