август 4, 2021

Царовска: За почетокот на учебната година постојат три сценарија – физичко присуство, онлајн настава или хибриден модел

Министерката потврди дека се подготвуваат материјалите за учење за прво и за четврто одделение, како и дигитализација и мултимедија содржина за четврто одделение.

Подготвени се три сценарија за почеток на учебната година од 1 септември, а реформите за основно образование дефинитивно ќе започнат од првиот училиштен ден, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.Можеби ќе ве интересира

Министерката потврди дека се подготвуваат материјалите за учење за прво и за четврто одделение, како и дигитализација и мултимедија содржина за четврто одделение.

– Преку МОН се набавуваат 10.000 таблети, општините ги подготвуваат своите училници за стартот на новата учебна година. Се подготвуваме со три сценарија за физичко присуство, он-лајн учење и хибриден модел, со цел да имаме подготвен систем за сите три сценарија. Од 1 септември влегуваме во училница со физичко присуство и согласно епидемиолошката состојба ќе одлучуваме понатаму дали ќе се менуваат сценаријата и начинот на учење понатаму – додаде Царовска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •