октомври 22, 2021

На денешен ден, со авиони на Британското воено воздухопловство, започна бомбардирањето во Егејска Македонија

Прв пат човештвото посведочи напалм – бомби. Тогаш британската влада ги поддржа монархо-фашистичките сили, со цел на власт да не дојдат прогресивните сили на отпорот против фашизмот.

По тој повод, „Форумот за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија” организираа настан, при што беше положено цвеќе на Споменикот на децата – бегалци од страна на делегацијата на Левица.

За лицемерието на европските бирократи говори фактот што од Грција, како рамноправна членка на ЕУ, никогаш не беше побарано репарации за ваквиот страшен егзодус. Ден – денес, Македонците не можат да се вратат во своите домови. Од друга страна, сведочиме како ЕУ континуирано ја условува Македонија, со прашања кои задираат директно во националниот идентитет – иако македонскиот народ беше на правилната, антифашистичка страна за време на Втората светска војна.

Владата предводена од СДСМ, која со Преспанскиот договор понижувачки се откажа од македонската заедница во Грција, дозволува овој споменик да се распаѓа, за што сведочи неговата моментална состојба. Иако градоначалникот Шилегов, уште април минатата година, најави комплетна реконструкција на споменикот, како и поставување нова инсталација на фонтаната, ништо од тоа не е реализирано.

Поради тоа, Левица утре ќе поднесе Барање до Град Скопје за итна санација на споменикот на децата – бегалци од Граѓанската војна во Грција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •