август 5, 2021

ЛИТАР БЕНЗИН 73 ДЕНАРИ: Ново поскапување на горивата

Ново поскапување на горивата. Од полноќ цената на дизел горивата се зголемува за ден и половина, а дизелот поскапува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. 

Според новиот ценовник литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 71 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 е 73 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 63 денари за литар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за половина денар и новата цена ќе изнесува 62,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 денари за килограм во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 денари за килограм.

Во последните 14 месеци цената на нафтените деривати вртоглаво се зголемила, цената на бензинот се зголемила за 21,5 денари, додека на дизелот за 17 денари.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •