јули 22, 2021

Симон Трпчевски на концерт во Букурешт настапи во дресот на Македонија

Најдобриот македонски пијанист, Симон Трпчевски, денеска на концерт во Букурешт настапи во дрес на македонската фудбалска репрезентација. 

Симон Трпчевски денеска имаше концерт во Букурешт, каде што македонската репрезентација игра два од трите меча на ЕП. Тој е голем фан на македонската репрезентација, беше присутен на мечот против Австрија, а сигурно ќе го гледа во живо и дуелот со Украина. Во меѓувреме, на вечерашниот концерт пред романската публика свиреше во дрес од македонската репрезентација.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •