септември 17, 2021

Шилегов ќе го брани Град Скопје во рочиштето против сопственикот на Галијата

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, инаку сопственик на адвокатска канцеларија, денеска изјави дека тој ќе го застапува Град Скопје во спорот против сопственикот на Галијата што треба да се руши на скопскиот кеј.

„Внимателно го водевме целиот процес и сите услови за отстранување на галијата се исполнети. Сопственикот немаше платено три кирии и тоа според договорот овозможува тој да биде раскинат. Лично јас ќе го застапувам Градот на првото рочиште“, рече денеска градоначалникот пред новинарите.

Шилегов најави дека Град Скопје утре ќе продолжи со уривање на галијата во Вардар откако пред повеќе од еден месец беше стопирана постапката поради времена мерка од судот по тужба на сопственикот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •