УЕФА ја одби жалбата на Грција за логото на ФФ на Македонија

УЕФА ја одби жалбата на грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, кој пред почетокот на ЕП испрати протестно писмо за употребата на кратенката МКД , но и за користењето на логото ФФМ на дресовите на фудбалерите.
„УЕФА го следи примерот на другите спортски институции како Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и го користи кодот (МКД) од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) и ова е во согласност со член 1, параграф 3, точка е од Договорот од Преспа“, велат од УЕФА.
Сподели