ноември 27, 2021

Заев е песимист: Немам чувство дека до 22 јуни ќе се реши проблемот со Бугарија, јазикот и идентитетот не се под прашање

Немам чувство дека до 22 јуни ќе се реши проблемот со Бугарија, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање какви се неговите надежи за старт на преговорите до 22 јуни.

„Она што морам да го кажам, е дека имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши проблемот, бидејќи Бугарија има техничка Влада и нема парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова, затоа што не сакам да ги дигнам очекувањата на нашите граѓани. Бидејќи реалност е дека во Бугарија има избори. Имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме се. И нема зијан ако направиме успех, и заклучиме отприлика договор, кој што би бил верификуван и од политичка Влада и од парламентот. Значајно е што и од македонската и бугарската страна нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата за македонскиот јазик и македонскиот идентитет и тоа прашање не е на разговорите. Зборуваме за динамиката по месеци, полугодија и години, или во континуитет на сите детали од секторската соработка од делот на рамката или патната карта, за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако и за креативниот дел на португалското претседателство за да може конечно претседателска Бугарија да даде пас, односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција, преку усвојувањето на преговарачката рамка“, рече Заев.  

Ова Заев го изјави по неговата средба со бугарскиот претседател Румен Радев, на НАТО Самиотот, која следуваше после средбата на Радев со нашиот претседател Стево Пендаровски.

Заев вели дека бил многу важен состанокот со Радев. 

„Она што е важно точно преку разговор да ги утврдиме воидењњето на грижа за важните работи за Северна Македионија и Бугарија преку предлогот на Португалското претседателство. Констатацијата, заклучокот и на македонската и на бугарската страна за патната карта, а тоа е делот на секторската соработка, од делот на железници, патишта, економија, туризам, млади, спорт, образование и слично, до интензитетот на свикување на историско-образовните комисии кои работат“, рече Заев.

Тој очекува со бугарските власти да има состанок најверојатно во четврток, иамко денеска се очекува да се потврди дали тоа ќе биде среда, четврток или петок, 

Инаку, премиерот Заев рече дека е прекрасно чувството да се биде членка на НАТО, бидејќи таму сте рамо до рано со лидерите на демократските држави. 

„Можете да разговарате со секого, и дефинитивно направив состаноци со сите лидери, посебно по прашањето кое што е важно за нас. Од претседателот на САД, Бајден, со кого имав средба, до канцеларката Меркел, претседателот Макрон, канцеларот Рутре, премиерот на Шпанија, Санчез, премиерот на Португалија, Антонио Коста, полскиот претседател и многу други претседатели и премиери. Така што, во сојузништво со сите, имаме еден бустинг, еден амбиент, за да чекориме натаму кон вториот дел на нашите стратешки цели, а тоа е интеграцијата во ЕУ“, рече Заев.

Сподели
 
 
 
   more