септември 17, 2021

ХРВАТИТЕ НЕМААТ НАМЕРА ДА КЛЕЧАТ ПРЕД НАТПРЕВАРИТЕ

Гестот со клекнување на колено кое едно време симболизираше борба против расизмот и од САД се прошири на Европа, претходниот период беше злоупотребен од разни групации кои го исполитизираа, па сега ни црнци веќе не сакаат да клекнуваат со подигната тупаница.

Веднаш по САД, во Европа први коишто ја следеа акцијата Black Lives Matter беа поединци и групи од Велика Британија и Франција. Но дискусиите за ова „коленичење“ стануваа пожестоки на Островот. Голем дел од навивачите сметаат дека ова клечење пред секој натпревар нема врска со спортот и дека целата акција има политичка позадина.

ШТО СЕ СЛУЧИ?

Навивачите на Англија на стадионот во Мидлзборо за време на пријателскиот меч со Австрија (1:0) го исвиркаа и избукаа гестот на играчите со клекнување на колено.

„Ова не е тоа што сакав да го слушнам. Може да испадне критика на сметка на нашите црномурни фудбалери. Некој оваа акција ја смета за политичка. Среќен сум што свирежите се претворија во аплаузи. Некои луѓе просто не ја сфаќаат смислата на акцијата“, изјави англискиот селектор Гарет Саутгејт.

Пред следниот натпревар на Англија, репрезентацијата излезе со соопштение дека играчите не се откажуваат од гестот да клекнат на колено пред почеток на мечот.

„Во пресрет на денешните натпревари, нашите фудбалери одново ќе клекнат на колено во знак на солидарност со црната заедница вклучувајќи и играчи од нашата репрезентација кои се редовно изложени на навреди. Ве молиме поддржете ги пред почеток на мечот“.

Пред мечот со Романија кој Англија го доби 1:0 како подготовка за Европското, се случи уште еден инцидент. Гостинскиот фудбалер Никушор Станчу одбил да клекне на колено.

„Не сакам да го направам тоа во знак на солидарност со мојот клупски колега од Славија, Кудела. Него го суспендираа 10 меча за расизам без никакви докази. Не верувам дека клекнување на колено може да ги реши проблемите“, рекол романскиот фудбалер Станчу.

ХРВАТСКА НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА КЛЕКНУВА

Хрватските репрезентативци не клекнаа на колено ниту на пријателската против Белгија каде има многу поддржувач на гестот на BLM, ниту пак тоа ќе го прават на Европско летово.

Од хрватскиот табор велат дека тоа не е дел од протоколот на натпреварите на ЕВРО2020 и дека не се задолжени од прописите на УЕФА.

„Хрватскиот фудбалски сојуз го почитува ставот на хрватските репрезентативци кои заедно одбраа пред мечот со Белгија со мирен став да го испочитуваат клекнувањето на своите белгиски колеги. Нема да ја наметнуваме обврската на клекнување кое во контекст на хрватската култура и традиција не претставува симбол на борба против расизам или дискриминација. Не сакаме ниту на кој било начин да мешаме политика и фудбал и тоа е конечен став на Фудбалскиот сојуз на Хрватска“.

ЗОШТО ГО ИСВИРКУВААТ ГЕСТОТ?

Во Англија се погласно се слуша дека гестот со клекнување на колено ја изгубил силата. Уште есента лани многу клубови од англискиот Чемпионшип и пониските дивизии одбија да клекнуваат пред почеток на мечевите, а во февруари се јави и првиот клуб кој отворено и јавно кажа дека нема да клекнуваат на колено.

Тоа е Брентфорд, клуб кој сезонава влезе во Премиер лига.

Прв црн фудбалер кој се истакна против оваа акција беше Вилфред Заха, повремен англиски репрезентативец и ѕвезда на Кристал Палас.

„Зошто сум должен да клекнам на колено, за да докажам дека ние сме важни? Зошто воопшто морам да носам дрес со натпис Black Lives Matter за да докажам дека нашите животи се важни? Тоа е многу понижувачки. Од мене постојано очекуваат да го поддржам BLM и да зборам против расизмот за да после се фалат со „Заха е со нас“.

Тој беше прв фудбалер во Премиер лига кој одби да клекнува.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •