септември 17, 2021

Мицкоски: Нема толку хартија за црната листа на Бајден, колку што има криминалци во власта

А, за оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор, вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќањето пред УМС во Битола, ја коментираше и одлуката на претседателот на САД, Бајден, земјите од Западен Балкан да се справуваат со криминалот и корупцијата.

-А, за оној делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција која се знае дека е широко распространета, стимулирана и заштитена од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци во власта за таква црна листа. Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, или пак до толку да се дибидуси, незнајковци по историја, па да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република во време кога во Европа владеат монархии – рече Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •