јуни 21, 2021

Германците мислат дека ЕУ е „политички скршена“

Повеќето граѓани на Германија веруваат дека политичкиот систем на Европската Унија е скршен по дебаклот во врска со вакцините против коронавирусот, покажува ново истражување на јавното мислење.

Како што пренесуваат агенциите, 55 отсто од Германците сметаат дека бирократијата ги изневерила, а бројот на незадоволните граѓани пораснал од ноември минатата година за 11 отсто.

49 отсто се изјасниле дека имаат помалку или повеќе доверба во официјален Брисел, се наведува во анкетата спроведена од Европскиот совет за надворешни односи.

Германија досега успеа да вакцинира 46 отсто од населението.

„Лошата реакција на ЕУ во врска со набавката на вакцините против коронавирусот го трансформира брегзитот од приказна за евроскептицизмот во приказна за ослободување од бавната бирократија на бриселските институции“, се наведува во брифингот на Европскиот совет за надворешни односи.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •