јуни 23, 2021

Бесими: Акцизата на дизелот нема да се зголеми, ќе се воведува еколошка такса

Министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска на прес-конференцијата коментираше за поскапувањето на дизелот со новиот ребаланс на буџетот за 4 денари. Тој не одговори конректно дали ќе биде тоа така, но најави воведување на еколошка такса на дизелот, и на сите горива кои загадуваат.

– Владата нема донесено таква одлука, но во интерес на јавноста, се прават сеопфатни анализи во поглед на еколошката агенда за зелена транзиција и инвестирање во обновливи извори на енергија и создавање на еколошки фонд на ниво на Влада за зелен развој. Не се работи за зголемување на акцизата, туку за зголемување на еколошка такса, во која ќе бидат опфатени нафтените деривати, за што се уште нема одлука на Владата, рече Бесими.

Бесими најави дека откако ќе бидат извршени аналзите, ќе бидат направени консултации со стопанските комори и други чинители.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •