јуни 19, 2021

Од 1 октомври недела неработен ден

Од 1 октомври да стартува концептот недела -неработен ден се предвидува со измените на Законот за работни односи, што Владата ги усвои на денешната седница.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција најави дека предлог-измените веднаш ќе бидат доставени до собраниска процедура.

„Целта е да се постигне рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците“, истакна Заев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •