јуни 21, 2021

Заев сепак ги испрати фудбалерите на ЕП

Иако во интервју премиерот на Македонија, Зоран Заев, пред извесно време порача дека му било забрането од претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, да ги испрати фудбалерите, сепак првиот човек на Владата најде начин да го стори тоа.

Тој денеска се појави на скопскиот аеродром и со срдечни прегратки ги испрати нашите фудбалери на ова големо натпреварување. Пред да се качат во авионот, тие направија групна фотографија и полетаа кон романската престолнина.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •