септември 28, 2021

ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ И СЕДУММИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО КИСЕЛА ВОДА

Двајца загинати и седуммина повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа околу 23 часот се случи на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“.

Од МВР информираат дека во несреќата учествувале пет автомобили – „фолксваген пасат“ управуван од Р.А. (50) од Студеничани,  „мерцедес“ управуван од Х.С. (28) од Скопје,  „фолксваген шаран“ управуван од З.И. (30) од с. Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А. (25) од с. Батинци и возило „фиат пунто“ управувано од Е.Б.(39) од Скопје.

Од полицијата информираат дека на самото место на несреќата починале Р.А. и Х.С.

25-годишниот возач О.А. од Батинци бил задржан во полициска станица, а повредените во сообраќајката се пренесени во скопските болници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •