јуни 21, 2021

Бучковски: Мицкоски е извор на лажни вести

Нашите позиции се кристално јасни, што се гледа и по настапите на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Никола Димитров, вели специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски.

-За жал, по којзнае којпат, Христијан Мицкоски е генератор на лажни вести – вели Бучковски за Локално, во однос на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тајно се преговара со техничката бугарска влада, за да се внесе декларацијата во рамката која беше усвоена во бугарскиот парламент во 2019 година.

Претходно, премиерот Заев изјави дека предлогот на Португалија за надминување на разликите со Софија е доставен до Владата, до Бугарија, како и до самиот Мицкоски. Мицкоски, истакна Заев, апсолутно знае дека предлогот е одличен и е појдовна основа за постигање на решението.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •