август 4, 2021

Македонскиот БДП повторно во минус во првото тримесечје

Економијата во Македонија е во минус. Како што објави, Државниот завод за статистика во првите три месеци од годинава има намалување на БДП од -1.9 отсто. 

Намалување има кај бруто инвестициите, јавната потрошувачка, а  раст има во секторот градежништво и кај земјоделство. Извозот и увозот на стоки и услуги бележат раст во споредба со минатата година. Во мај има раст на трошоците за живот. 

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2020 година е -0.7  oтсто.

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2020 година е -3.3  отсто. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •