ноември 30, 2021

Пукна ли тиквата во ДУИ?! Или Груби и Бујар надвор, или правиме независни листи, се заканува Меџити

Ако Ахмети не ги отстрани Груби и Османи, тогаш ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово и ДУИ во таков случај многу тешко дека ќе победи на локалните избори, му напишал Меџити на лидерот, пишува „Алмакос“.

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити упатил до лидерот на ДУИ Али Ахмети ултиматум до 15.јуни да ги избрка министерот за надворешни работи Бујар Османи и првиот вицепремиер Артан Груби од Владата и од ДУИ, пишува  порталот на албански јазик „Алмакос“.

„Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити Меџити му дал ултиматум и временски рок на претседателот Ахмети итно да ги отстрани првиот вицепремиерт Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи од сите функции во Владата и партијата. Ако не го стори тоа, тогаш ќе се соочи со независни кандидатури за градоначалници во Сарај, Чаир, Кичево и Тетово и ДУИ во таков случај многу тешко дека ќе победи на локалните избори“, пишува „Алмакос“, повикувајќи се на свои извори во ДУИ, кои се дел од „групата на потпретседателот Изет Меџити“.

Според порталот, битката на Меџити добила „заканувачка димензија“ бидејќи изминатава недела имало  „пораки на дистанца“ меѓу Ахмети и Меџити..

„Алмакос“ во својата информација наведува: „Медиумите пишуваат дека се претпоставува оти Меџити во последната порака што му ја пратил на Ахмети му рекол дека ‘ако до 15 јуни не ги оддалечи од партијата Бујар Османи и Артан Груби, тогаш ќе ги искуси последиците на локалните избори.“

„Токму како што вашиот внук Фатмир Лимани ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на Кичево, така и Висар Ганиу ќе биде независен кандидат за градоначалник на Чаир, но и во општина Сарај, Блерим Беџети ќе настапи како независен кандидат  – ова е, наводно, пораката, што му ја пратил Меџити на Ахмети, тврди „Алмакос“. Овој медиум додава дека „за ваквите изјави нема потврда од ниедна страна“, но и оти „изворите во ДУИ велат дека се реални.“

Сподели
 
 
 
   more