ноември 29, 2021

СДСМ: Апасиев е лажен левичар и продолжена рака на Мицкоски

Димитар Апасиев

Владејачката СДСМ денеска упати силни критики кон претседателоТ на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев.

Како што велат оттаму, тој е „лажен борец за социјална правда“, „лажен левичар“, и „продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Лажниот борец за социјална правда девет месеци е пратеник и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман, ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните.
Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните. Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар. Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија. Кочи закони во Собранието а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес“, велат од СДСМ.

Сподели
 
 
 
   more