октомври 22, 2021

Јавниот долг на Србија намален на 55 отсто од БДП во април

На крајот на април годинава јавниот долг на Србија изнесуваше 27,77 милијарди евра или 55 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави Министерството за финансии.
Јавниот долг номинално падна за 370 милиони евра во април во споредба со март, а неговото учество во БДП падна за 0,7 проценти на месечно ниво.

На крајот на 2020 година, јавниот долг на Србија изнесуваше 26,66 милијарди евра, што беше 57,4 проценти од БДП, објави СЕЕбиз.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •