август 4, 2021

Нова кривична пријава против Макревски – компанијата „Трансмет“ обвинува дека ја натоварил фирмата со 15 милиони евра дoлгoви

Од страна на компанијата Трансмет до Секторот за економски криминал и корупција при МВР е поднесена уште една кривична пријава против стечајниот управник Богољуб Макревски поради впишување на милионски долгови кои не постоеле на ниедно друго место освен на хартија.

Макревски во јавноста е познат по тоа што стечајните постапки кои тој ги води, најчесто завршуваат со ликвидација на компаниите и распродажба на преостанатиот имот – спротивно на она што се законски обврски на стечајниот управник, реорганизација на компанијата со цел продолжување на работењето на компанијата која паднала во стечај.

Кривичната пријава која овој пат се поднесува против Макревски е поради сомнение за сторено кривично дело по член 32 б за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување со што се оштетени над 700 вработени во компанијата Трансмет како и доверителите кои бараат исплата на нивните долгови.

Според кривичната пријава против Богољуб Макревски, постои огромна разлика во износите на признаените побарувања на повеќе доверители, споредбено со реалната состојба на долгувањата врз основа на постооечката финансиска документација во Трансмет.

Тоа би значело дека Макревски, нереално впишувал долгови на фирми кои биле доверители на Трансмет, со цел тие да добијат што поголем дел од евентуалната стечајна маса. Или, објаснето со уличен жаргон – стечајниот управник, според кривичната пријава, впишувал поголеми долгови на компании кои успеале да го „убедат“ Макревски.

Значи, на стечајниот управник му плаќаш под рака десетина илјади евра, тој ти впишува поголем долг во фирмата која ти должи.

Според кривичната пријава, Макревски впишал долг за 447.582.141 денари поголем од реалниот кој изнесува 640.046.392 денари.

Речиси 85 годишниот Макревски, кој е меѓу првите стечајни управници во Македонија и познат по водење на постапките во Сведмилк, ТеТо, во Трансмет и други, пријавен е дека спротивно на одредбите нна законот за стечај признал непостоечко побарување на фирмата „Кратер“ од Илинден во стечајната постапка на фирмата на Сергеј Самсоненко „Балкан Груп инвестмент“, иако пред себе ги имал сите документи кои со извршна исправа покажувале дека побарувањето е 119.065.403 денари, а тој прифатил дека долгот е 280.760.353 денари.

Во овој случај стечајниот управник Макревски не ги зел во вид вештачењата од лиценцирани вештаци кои се изјасниле за висината на долгот за тоа што е вградено во објектот.

Кратер немал доказ дека опремата што била нарачана за потребите на објектите Градска Куќа, Офицерски Дом и хотел Мериот е нарачана, вградена ниту одобрена од сопственикот Балакн Груп Констракшн како што предвидувал договорот за изведување на машински инсталации на трите објекти, утврдено со договор од 2015 година.

Макревски вози Мерцедес од 100.000 евра.

Она што највеќе загрижува е муабетот со кој Макревски се заштитува себеси, употребувајќи го името на министерот за економија Крешник Бектеши.

Иако му поставивме прашање, како човек на 85 години може да биде стечаен управник и зошто го употребува неговото име во неговата работа, Бектеши не се одважи да одговори. Веројатно, свесен дека бил кој одговор подоцна ќе треба да го повтори во евентуална судска постапка.

Мерцедес ЦЛС кој го вози стечајниот управник Макревски чини, ни помалку ни повеќе 100.000 евра. Ако има функционална финансиска полиција во земјава, тогаш ова е одлична можност да се провери и потеклото на овие средства.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •